Креирање на ГРУПИ

Отворени, затворени и тајни кориснички групи. Функција на НетМкд која ви овозможува да креирате и да учествува во други групи.

Исто така, постои можност за создавање на огласни групи каде што само сопствениците на групите можат да креираат нови постови доколку опцијата Disable new posts ја подесите на YES. Тоа значи дека членовите  можат само да коментираат и да изкажуваат одредени реакции. Таква група  на НетМкд е ИнфоНет.

Како сопственик на групата можете да поканете да се приклучат нови членови доколку групата е затворена или членовите  на мрежата сами да се приклучат  водени од сопствениот интерес доколку се работи за отворена група.  Членувањето во групата ќе ви овозможи да коментирате или објавувате ваши мислења и да добивате известувања за активностие во групата.

Скриените или тајни групи  се невидливи за сите членови на мрежата, а членувањето е исклучиво на покана на сопственикот на групата.

Во креираната група можат да се објавуваат фотографии или видео содржии. Имате можност само да ги следите објавите без да добивате известувања од групата, а во опцијата Settings   да подесите и други функционалности.

About the author: Support Team NetMkd .mk
Денот е поубав кога сме заедно на НетМкд !

Reactions & comments

Feel the difference. Let’s Stay Connected!

Comments

No comments yet