За НетМкд

За NetMKd

Иако луѓето последните децении не можат да си го замислат животот без нив, за разлика од тоа што го мисли мнозинството, ерата на социјалните мрежи сепак не почнува со Facebook или Twitter. Токму така. NetMkd е платформа со македонски домен – https://netmkd.mk   платформа налик на веќе познатите социјални мрежи Facebook и  Twitter, но NetMkd e  непрофитабилна мрежа  за дружење, споделување интереси, пријатели и комуникација во реално време.

Слично како и на познатите социјални мрежи и на NetMkd можете да креирате свој профил, да го уредувате додавајќи своја фотографија, да објавувате, да коментирате, да поставувате линкови, да додавате свои пријатели, да испраќате меѓу себе пораки, да одредувате кој ќе ги гледа вашите објави и многу повеќе.

Нашето мото е MY ROAD! MY DREAMS! MY LIFE!

Секој од нас има своја приказна, а NetMkd е место каде може да ја креирате вие вашата споделувајќи спомени, настани, случувања, фотографии… споделете ги со вашите блиски, пријатели и колеги или можеби нови пријатели. Покажете им на луѓето тоа што Вие сакате да го видат или знаат за вас. И важно! На NetMkd нема досадни реклами или платени содржини.

Креирајте ГРУПИ кои можат да бидат приватни, јавни или скриени и во рамките на групата објавувајте и споделувајте настани, фотографии, линкови…  Вие одлучувате кои ќе бидат членови на групата.

Регистрирањето е едноставно и тоа можете да го направите на страната за регистрација (NEW USER  REGISTRATION) со пополнување на предвидените полиња.  Полињата означени како required се задолжителни, а треба да ги чекирате полињата  – I agree to the Terms and Conditions и I agree to the Privacy Policy. Следно што треба да направите е да ја потврдите регистрација преку линкот кој ќе ви биде испратен на  вашата email адреса што ќе ви овозможи да се логирате на сајтот.

По логирањето  поставете ваша фотографија и фотографија/слика на профилот, пополнете ги задолжителните полиња означени со ѕвездичка, а останатите можете изборно да ги пополнете и да ја подесете приватноста. Се започнува со вас.

Никој не е совршен, но сите сме совршени во својата несовршеност. Бидете поврзани со другите на NetMkd!